Опера и балет

Нова изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II

27.10.2025 20:30

„Лилјакот“ е едно од најпознатите и највеселите музички дела на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Делото претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, комични ситуации и блескави виенски валцери...

По успешната премиера која предизвика одличен прием и бурни аплаузи, Националната опера и балет најавува нова изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Настанот ќе се одржи на 28 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот на големата сцена.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Љупка Јакимовска, сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Саша Евтимова, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, концерт мајстор Верица Ламбевска, а за светло-дизајнот е задолжен Милчо Александров.

Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска, Кристијан Антовски, Невен Силјановски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

„Лилјакот“ е едно од најпознатите и највеселите музички дела на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Делото претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, комични ситуации и блескави виенски валцери, кои повеќе од еден век ја воодушевуваат публиката ширум светот.