Мицкоски: Нема проблеми во Владата
Испеглани се разликите со ВРЕДИ, уверува Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко...

Владината коалиција е стабилна, уверува премиерот Мицкоски. Испеглани се разликите со ВРЕДИ, уверува Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко.
Премиерот потврди дека имал средба со еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, кој е кандидат за градоначалник на Тетово.
„Јас се сретнав со Билал Касами. Разговаравме. И мислам дека тој веќе почна да ги испраќа оние вистински изјави кои треба да му прилегаат на еден градоначалник на мултиетничко Тетово“ – рече Мицкоски.
На прашање за реконструкција на Владата, Мицкоски потенцираше дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сега се фокусирани на вториот круг на локалните избори.
Известува Марина Стојанова-Тонева
