Македонија

Приведен директорот на „Комунална хигиена“

27.10.2025 14:21

Приведен директорот на „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми. Од претпријатието е одземена документација за хаосот со сметот во Скопје што го загрози здравјето на граѓаните …

Единицата за економски криминал при СВР Скопје го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и одзеде дополнителна документација од претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а се очекува поднесување кривична пријава до Обвинителството.

Приведувањето следи по долготрајното несоодветно постапување околу управувањето со јавната чистота во главниот град, како и институционалните реакции на надлежните служби.

Како што пренесуваат дел од медиумите, постојат сомнежи за финансиски злоупотреби и неефикасно работење на претпријатието.

Рустеми е на функцијата од 29 јануари 2025 година.