По половина век, албански премиер во официјална посета на Белград

01.09.2014 10:43

Тоа е чекор напред во правец на иднината. Имаме толку многу нешта да дискутираме, толку многу потенцијал за соработка рекол Рама...

Потврдено е дека албанскиот премиер Еди Рама на 22 октомври ќе престојува во официјална посета на Србија. Тој изјавил дека албанската Влада е определена да соработува со сите земји во регионот во интерес на земјите и народите.

Тоа е чекор напред во правец на иднината. Имаме толку многу нешта да дискутираме, толку многу потенцијал за соработка рекол Рама.

Според српскиот премиер  Вучиќ,пак на  средбата ќе станело збор за многу битни прашања, но и за зголемување на извозот на срспки стоки во Албанија.

Ова е прва посета на Белград на албански премиер, по онаа последната на Енвер Хоџа во 1946.