Локални избори 2025

Партиите имаат уште четири дена за претставување на кандидатите

28.10.2025 08:23

Партиите имаат уште четири дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори...

Партиите имаат уште четири дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември.

Ветувања за субвенции, поддршки, но, и за здрава и модерна животна средина. Како наближува денот до молкот, така се заострува и реториката.

Препукувања и фалби, којшто направил или не направил. Кандидатите и нивните поддржувачи уште овие четири дена ќе се обидат да добијат глас повеќе за челната позиција во општината.