Македонија
„Паркови и зеленило“ со блокади денеска на дел од Илинденска
28.10.2025 08:13
Во периодот од 10 до 12 часот, известија дека ќе го блокираат просторот од семафорите на раскрсницата на булеварот „Илинденска“ со улицата „Никола Тесла“...

Нов протест на вработените во „Паркови и зеленило“ и нивните фирми ќерки „Флораком“ и „Луна парк“. Во периодот од 10 до 12 часот, известија дека ќе го блокираат просторот од семафорите на раскрсницата на булеварот „Илинденска“ со улицата „Никола Тесла“.
Нивните барања се исплата на септемвриска плата, К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со престанат работен однос и на исплата на помош за починат член на семејство.
