Во Крушево, СДСМ и коалицијата го претставија својот кандидат за градоначалник, Томе Христовски
СДСМ и коалицијата го претстави својот кандидат за градоначалник, Томе Христоски, пред жителите на крушевското село Јакреново. Според претседателот на СДСМ, Христоски со посветеноста заслужува нов мандат...

На средбата со жителите од крушевското село Јакреново, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги повика граѓаните од Крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Крушево, Томе Христоски.
Според Филипче, Христоски е пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани, зашто со својата посветеност, искрена и чесна работа и со својата визија за развој на Регионот, Христоски има направено асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени станици. Противкандидатот на Христоски, рече Филипче, со своето однесување не може да направи нешто и да ја поништи очигледната волја на граѓаните, кои сакаат да видат уште еден мандат на Томе и на неговиот тим, тим кој не прави никаква поделба, ниту по политичка, ниту по етничка припадност.
Токму таквиот пристап на отвореност, домаќинско работење и почит кон секој граѓанин ја разликува СДСМ од политичките противници, рече Филипче.
Кандидатот за градоначалник на Крушево од СДСМ, Томе Христоски рече дека им се заблагодарува на граѓаните и дека токму од Јакреново се чувствува промената. Изминатите осум години вистински и суштински биле со населението, се градело суштински и се решавале горливи проблеми. Христоски најави дека уште ќе се работи на капитални проекти, барем по еден во наредниот период, во населените места. Тоа значи дека не се служи со празни зборови, туку со конкретни дела. Христоски со порака од крушевско Јакреново дека се токму таа коалиција која гради и променува.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека до Државната комисија и до ОБСЕ пријавиле притисоци и закани кон граѓаните и гласачите.
Елизабета Митреска
