Украина
Жестоки борби во Покровск
28.10.2025 08:37
Зеленски потврди дека градот е главен фокус на фронтот и додаде дека Киев би можел да го натера Путин да се вклучи во преговори само ако има можност да напаѓа воени и енергетски цели длабоко во Русија.

Руските сили ја концентрираа офанзивата кон источниот украински град Покровск, каде се водат жестоки борби. Зеленски потврди дека градот е главен фокус на фронтот и додаде дека Киев би можел да го натера Путин да се вклучи во преговори само ако има можност да напаѓа воени и енергетски цели длабоко во Русија.
„Сите задачи поврзани со длабоките удари мора целосно да се реализираат до крајот на годината, ова вклучува и проширување на географијата на нашите способности за дејствување на голема далечина“, изјави Зеленски.
