Блиски Исток

Подготовки за втората фаза од примирјето

28.10.2025 10:40

Во меѓувреме, Хамас предаде уште едно тело на заложник, а потрагата по останатите 12 продолжува.

Израел нема да дозволи турски трупи да учествуваат во меѓународните мировни сили за надзор на договорот за прекин на огнот во Газа-изјави израелскиот министер за надворешни Саар, додека се подготвува втората фаза од примирјето.

Во меѓувреме, Хамас предаде уште едно тело на заложник, а потрагата по останатите 12 продолжува. Египет со експерти и опрема помага во нивното извлекување.

„Египетски технички тим сега е во Газа за да помогне во потрагата по останките на нашите починати заложници. Хамас ги киднапираше и ги уби. Израел бара од терористичката група да ги лоцира“, изјави Шош Бадросијан, портпарол на израелската влада.