Свет

САД и Јапонија потпишаа договор за ретки метали

28.10.2025 10:19

Договорот е одговор на извозните контроли на Кина која го користи својот монопол на ретки минерали во трговската војна со САД.

САД и Јапонија потпишаа договор за ретки минерали, најавувајќи „златно доба“ за сојузот меѓу двете земји. Договорот е одговор на извозните контроли на Кина која го користи својот монопол на ретки минерали во трговската војна со САД.

„Ова ќе биде однос посилен од кога било досега. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас. Ќе бидеме тука за сè што можеме за да ѝ помогнам на Јапонија. Ние сме сојузник на најсилно ниво“, изјави претседателот Трамп.

За време турнејата низ Азија се очекува Трамп в четврток да се сретне и со кинескиот колега Џјинпинг за финализирање на договорот за трговскиот спор.