Србија нема намера да воведе санкции против Русија
Српската влада нема намера да воведува санкции против Русија поради кризата во Украина, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.
Според него Белград ја објаснил позицијата на западните партнери. „Ние инсистираме за изнаоѓање мирно решение на овој конфликт, како и на сите конфликти во светот“, изјавил министерот.

„Се огласуваме за зачувување на територијалниот интегритет и почитување на суверенитетот на секоја земја- членка на ОН“, истакна Братислав Гашиќ.