Свет
Силен земјотрес во Турција, најмалку 19 лица повредени
28.10.2025 09:08
Според првичните информации, нема загинати, но урнати се три згради и продавница.

Најмалку 19 луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер што ја погоди западна Турција во близина на градот Синдирги.
Според првичните информации, нема загинати, но урнати се три згради и продавница. Потресот бил почувствуван во Истанбул и во делови од Грција.
