Јамајка на удар на „Мелиса“-најсилната бура годинава
Ураганот од петта категорија со ветрови над 280 км/ч носи обилни дождови и опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Бурата веќе одзеде седум животи во северниот дел на Карибите.
Јамајка се подготвува за ударот на „Мелиса“ — најсилната бура во светот годинава. Ураганот од петта категорија со ветрови над 280 км/ч носи обилни дождови и опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Бурата веќе одзеде седум животи во северниот дел на Карибите. Надлежните повикуваат граѓаните веднаш да се засолнат поради животно загрозувачките услови.
„Сместуваме приближно 260 луѓе, но имаме место за многу повеќе. За секој што мора да се евакуира, нашите врати се отворени“, изјави Араселија Санчез, владин претставник.
Со сегашната сила, ураганот „Мелиса“ би бил најсилниот што ја погодил Јамајка од почетокот на евиденцијата во 1851 година.
