Контакт групата за Украина денеска одржува седница во Минск
01.09.2014 10:54
Состанокот доаѓа на еден ден откако про-руски сепаратисти во источна Украина тврдат дека погодиле украински поморски брод во Азовското Море...

Контакт групата за Украина денеска во Минск треба да одржи седница. Според руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, и претставници на т.н. Народна Република Доњецк ќе присуствуваат на состанокот. Контакт група е составена од претставници од Русија, Украина и ОБСЕ.
Состанокот доаѓа на еден ден откако про-руски сепаратисти во источна Украина тврдат дека погодиле украински поморски брод во Азовското Море.
Вчера рускиот претседател Путин за Руската телевизија изјави дека треба да се разговара за „државноста на Југоисточна Украина со цел да се заштитат интересите на луѓето кои живеат таму“.
