Американски сенатори бараат САД да ја вооружува Украина

01.09.2014 11:03

Демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси изјави дека на Украина ѝ треба оружје за да се бори, како што рече, против руската инвазија...

Двајца познати американски сенатори побараа  САД  да ја вооружува Украина, која се бори против проруските сепаратисти и со руските сили во источна Украина.

Демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси изјави дека на Украина ѝ треба оружје за да се бори, како што рече, против руската инвазија.

Зборувајќи за Си Ен Ен од Киев, Менендез рече дека Вашингтон треба да ѝ обезбеди на Украина  „видови на дефанзивно оружје што ќе му ги зголеми трошоците на Путин“.

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн за истиот медиум реторички праша: Не можеме ли да им помогнемена овие луѓе да се бранат?

Администрацијата на американскиот претседател Обама одбива да ги нарече руските активности во Украина- инвазија.