Мицкоски: Енергетиката е на врвот на владината агенда
Не е доволно само да има енергија треба да е чиста, одржлива и достапна за сите е една од пораките на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој кој се одржува во Скопје. Форумот се одржува во време на глобални предизвици, климатски промени и политички превирања што влијае на снабдувањето со енергија и променливоста на цената...

Не е доволно само да има енергија треба да е чиста, одржлива и достапна за сите е една од пораките на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој кој се одржува во Скопје. Главната тема е од цели во акција – напојување на иднината со одржлива енергија, а се дискутира и за стабилноста на енергетскиот систем, праведна транзиција, дигитализација на системите. Енергетиката е на врвот на владината агенда, истакна премиерот Мицкоски, бидејќи како што вели, има не само економско, туку и безбедносно значење.
Зависноста од еден извор е минато, иднината бара диверзификација – вели министерката Божиновска. Додаде дека придобивки од интерконекторите со Грција и Србија ќе имаат и преостанатите европски земји, не само Македонија.
Обединетите Нации како коорганизатори на Форумот се залагаат за праведна енергетска транзиција со која никој нема да биде заборавен. Целта е да обезбедат чиста и одржлива енергија за 500 милиони луѓе низ светот.
Форумот се одржува во време на глобални предизвици, климатски промени и политички превирања што влијае на снабдувањето со енергија и променливоста на цената.
Едни од клучните предизвици на Македонија се намалување на увозната зависност, подобрување на енергетската ефикасност и интегрирање во европскиот енергетски систем.
Александра Велинова
