Вакцините и здравјето

18.12.2013 21:17

Смртта на шестмесечно бебе по вакцинирање ја разбранува босанската јавност. Контроверзни информации и реакции за случајот. Медиумите објавија дека Заводот за јавно здравје во Сараево издал налог за привремен прекин на користењето на вакцината ДИТЕПЕР, ИПВ и ХИБ во Босна и Херцеговина.

Реагираше шефицата на Службата за епидемиологија Јелена Равља. Вели дека програмата за вакцинација се спроведува без никакви компликации и демантира дека вакцинирањето привремено е запрено.

Обдукцијата на бебето не дала прецизен одговор за причината за смртта. Резултатите од комплетните испитувања ќе бидат готови за десетина дена. Врвни доктори сметаат дека вакцините го намалуваат имунитетот и му штетат на организмот.

Д-р Слаѓана Велков, која долги години работела како лекар за Обединетите нации вели дека речиси сите медицински истражувања на оваа тема покажале дека многу болести како аутизам, епилепсија, астма, дијабетес, алергии, мултиплекс склероза и многу други се производ на вакцините.

Граѓаните, зависно од искуството, со свои ставови за оправданоста на вакцините:

„Двете мои деца се вакцинирани. Фала му на Бога, се е во ред“

„Јас моите деца сум ги вакцинирала, се по редослед, како што требало, сега не знам“

„Јас сметам дека не би требало да се вакцинираат затоа што природно произведуваме антитела кои потоа можат да го нападнат вирусот кога ќе стапат во контакт со него“.

На социјалните мрежи мислењата се поделени.

Жестока дебета на блоговите меѓу родителите и лекарите. Родителите загрижени за здравјето на своите деца се во дилема, дали да се вакцинираат или не.

Несигурноста кај граѓаните се подгреа пред три години кога беше поведена истрага против фармацевтските компании дека извршиле влијание на Светската здравствена организација да прогласи пандемија од свински грип за да го принудат светот да се вакцинира со недоволно тестирана вакцина.

Наташа Јанчиќ