Попладне променливо и нестабилно време со врнежи од дожд

01.09.2014 11:07

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурата ќе се движи од 22 до 33 степени...

Времето во Македонија во попладневните часови ќе биде променливо облачно со појава на локални врнежи од дожд.

Попладне територијата на Македонија постепено ќе потпаѓа под влијание на циклонска маса поради што попладне и во вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд и грмежи. Можна и изолирана појава на невреме со интезивен пороен дожд, силни грмежи и силен ветер.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде слично, а максималната температура ќе достигне до 31 степен.