Здравство

Мозочниот удар може да се превенира во 90% од случаите

28.10.2025 18:55

Превентивните прегледи се многу важни за навремено препознавање на симптомите на мозочниот удар. Отворен ден на Клиниката за неврологија…

Во 90 проценти од случаите мозочниот удар можел да се превенира. Затоа медицинската сестра Гордана Димеска заедно со медицинскиот тим на Клиниката за неврологија работат на подигање на свеста за препознавање на оваа животозагрозувачка состојба.

Генетиката не може да се менува, но голем дел од ризик – факторите можат да се исклучат, вели професорката Арсовска.

Клиниката за неврологија ги има потребните апарати за дијагностика, а магнетна резонанца би била заокружување на процесот.

Годишно во земјава се регистрираат 5.000 случаи на мозочен удар.

Наташа Јанчиќ-Менковски