Локални избори 2025

Јакимовски: Два проценти од буџетот на Општина Карпош ќе се трошат согласно барањата на жителите

28.10.2025 17:40

Жителите непосредно ќе одлучуваат за тоа која ќе биде намената на овие средства, вели Јакимовски...

Средства во износ од 2 проценти од буџетот на Општината Карпош, ќе се трошат согласно барањата на жителите на урбаните заедници, вели кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски.

Жителите непосредно ќе одлучуваат за тоа која ќе биде намената на овие средства, вели Јакимовски.

Коалицијата „Искуство за успех“ ја сочинуваат партиите ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

Марија Котовска