Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, проектиран раст од 3,8%, инфлација 2,5%
Според министерката, капиталните проекти ќе бидат главен двигател на растот, а се очекува и зголемување на приватните инвестиции и потрошувачката, поддржани од растот на платите и пензиите.

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со проектиран економски раст од 3,8 проценти, инфлација од 2,5 и буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска соопшти дека вкупните приходи се планирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 413,9 милијарди. За капитални инвестиции се предвидени 40,5 милијарди денари (околу 650 милиони евра).
Според министерката, капиталните проекти ќе бидат главен двигател на растот, а се очекува и зголемување на приватните инвестиции и потрошувачката, поддржани од растот на платите и пензиите.
Димитриеска- Кочоска истакна дека буџетот се темели на реални проекции и дека ќе продолжи фискалната консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел ефикасно и одговорно трошење на средствата.
