МВР
Дојави за бомби во неколку основни училишта во Скопје и Куманово
28.10.2025 19:23
Неколку основни училишта во Скопје и Куманово денеска добиле дојави за поставени бомби, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Неколку основни училишта во Скопје и Куманово денеска добиле дојави за поставени бомби, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што објавија некои медиуми, дојави за бомби во Скопје пристигнале на електронските адреси на училишта во Општина Аеродром по што сите попладневни активности во тие училишта биле прекинати, а децата биле испратени дома.
Од МВР велат дека ќе информираат по проверката.
