Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово
Вчера во доцните попладневни часови, училишта во Куманово и во Скопје добиле анонимни дојави за поставени експлозивни направи. Учениците и вработените биле евакуирани, а екипите за антитероризам излегоа на терен.

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки.
Вчера во доцните попладневни часови, училишта во Куманово и во Скопје добиле анонимни дојави за поставени експлозивни направи. Учениците и вработените биле евакуирани, а екипите за антитероризам излегоа на терен.
Во Куманово анонимна порака за поставени бомби пристигнала до сите основни училишта во централното подрачје и во руралните средини. Учениците и вработените по алармот за тревога, додека траел петтиот час, веднаш безбедно биле евакуирани.
Во Куманово и во Скопје и претходно имаше закани за бомби и сите беа лажни.
