Украина

Зеленски ја обвини Кина дека ѝ помага на Русија

29.10.2025 08:50

Повика Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да ја запре агресијата. Објави дека со сојузниците од „Коалицијата на подготвените“ работат на воспоставување мир во Украина во наредните 10 дена.

Зеленски ја обвини Кина за испорака машини за производство на оружје на Русија и помош во заобиколување на санкциите. Повика Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да ја запре агресијата. Објави дека со сојузниците од „Коалицијата на подготвените“ работат на воспоставување мир во Украина во наредните 10 дена.

„Ова не е план за завршување на војната, бидејќи, како што знаете, пред сè е потребен прекин на огнот. Ова е план од кој започнува дипломатијата, и во принцип, е фундаментален“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Кремљ, пак, го обвинува Киев за паузата во преговорите. Лавров вели дека Европа се подготвува за војна, а Русија нема намера да напаѓа земји од НАТО или ЕУ. Го критикува западот за поддршката на Украина.