Бразил
Голема полициска акција против наркобандите во Рио де Жанеиро
29.10.2025 10:42
Членовите на картелот возвратиле со беспилотни летала.

Најмалку 64 лица загинаа во голема полициска акција против наркобандите во Рио де Жанеиро, меѓу нив и четворица полицајци. Членовите на картелот возвратиле со беспилотни летала.
„Ова е важен ден за Рио де Жанеиро со историска операција на нашите полициски сили. Досега неутрализиравме 60 криминалци, уапсени се 81 и запленети се 75 пушки“, изјави Клаудио Кастро, гувернер на државата Рио де Жанеиро.
