Ураган

„Мелиса“ се движи кон Куба откако ја погоди Јамајка

29.10.2025 09:15

Најсилната бура во модерната историја на земјата сега се движи кон Куба. Властите ги повикаа граѓаните да се подготват за најлошото.

Ураганот „Мелиса“ од петта категорија ја погоди Јамајка со ветрови од речиси 300 километри на час, оставајќи илјадници домови без струја, поплавени улиците, и свлечишта. Најсилната бура во модерната историја на земјата сега се движи кон Куба. Властите ги повикаа граѓаните да се подготват за најлошото.

„Знаеме дека ќе има многу штета предизвикана од овој ураган поради неговите карактеристики, но имаме целосен капацитет да се опоравиме“, изјави Мигел Дијаз-Канел, претседател на Куба.

По Куба, бурата се очекува да ги погоди Бахамите. Предупредувања се издадени и за Бермудите.