Македонија

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето

29.10.2025 11:31

Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје.

Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација.

Андоновски порача дека дигитализацијата е новата енергија на управувањето, создавајќи ефикасност, транспарентност и отпорност во сите сектори, особено во енергетиката.

„Дигитализацијата е мостот што ги поврзува растечката енергетска побарувачка и потребата од декарбонизација. Таа овозможува секој ват, секој киловат-час и секоја политичка одлука да бидат попаметни, почисти и поинклузивни“, изјави министерот.

Тој потенцираше дека дигитализацијата не е само технички процес, туку нов начин на размислување и управување – поврзување на податоците, институциите и граѓаните во корист на одржливи политики и зелена енергија.

Министерот Андоновски го презентираше напредокот што Македонија го постигна во дигиталната трансформација.