МВР
Претрес во струмичко, пронајдена е марихуана
29.10.2025 12:36
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.

Вчера во с.Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.М.(29) од с.Пиперево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
