Локални избори 2025

Касами најавува реконструкција и изградба на повеќе улици и нови градинки во Тетово

29.10.2025 18:00

Касами во својата програма планира реконструкција и изградба на повеќе улици, но и нови градинки, базени, како и создавање на сите услови. Според Касами Тетово да биде функционален, чист и модерен град...

Големата поддршка што ја добивме на 19-ти октомври докажа дека Тетово е на вистинскиот пат. Граѓаните го ценат она што е направено и сакаат развојот да продолжи со уште посилно темпо, изјави кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“, Биљал Касами, во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори. Тој планира реконструкција и изградба на нови улици, но и на градинки и базени за чист и модерен град.

„Денес сме на улицата „Поточка“, која заедно со улицата „134“ и улицата „Прохор Пчински“, кои беа целосно асфалтирани според современи стандарди. Изградивме нова современа улица со должина од речиси километар, асфалтирање од околу 5.000 м2. Со инвестиција од околу 200 илјади евра, или околу 12 милиони денари, ја трансформиравме оваа населба во близина на градинката кај „Поточка“, давајќи ѝ европски изглед“, изјави Биљал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата „Вреди“.

Според Касами, Тетово ја заслужува оваа трансформација. Добрите дела за Тетово мора да продолжат уште подобро и уште посилно со второто поглавје за развој, рече Касами.

 

Игор Панов