Македонија

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со постудени утра

29.10.2025 12:55

Под влијание на висок воздушен притисок, во следните денови следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот.

Постудено утро со услови за утринска магла по одделни котлини, најавува за утре УХМР. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Под влијание на висок воздушен притисок, во следните денови следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот.

Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

 

Фото: УХМР