Мециновиќ очекува многу граѓани да се охрабрат и да излезат во вториот круг
Според него ниската излезност на гласачите во првиот круг од локалните избори произлегувала од недовербата во политички промени. Очекува многу граѓани да се охрабрат и да излезат во вториот круг...

Ова е генерациска борба на непривилегираните, вториот круг отвора нова политичка реалност во Македонија, изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ. Според него ниската излезност на гласачите во првиот круг од локалните избори произлегувала од недовербата во политички промени. Очекува многу граѓани да се охрабрат и да излезат во вториот круг.
Мециновиќ посочи дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот глас нешто значи. Рече дека локалната политика е нашето секојдневие, а, улиците, воздухот, јавниот превоз, зеленилото, се работи кои не смеат да зависат од партиски договори.
Доколку ја добие довербата, ветува соработка со институциите, а се со цел Скопје да биде убаво место за живеење, чисто и зелено.
Наташа Гркова -Петрушевска
