безбедност
Дојавите за поставени бомби се хибридна војна
29.10.2025 13:19
Учениците и вработените биле евакуирани, а екипите за антитероризам излегоа на терен...

Лажни се сите дојави за бомби кои вчера во попладневни часови ги добиле училишта во Куманово и во Скопје. Учениците и вработените биле евакуирани, а екипите за антитероризам излегоа на терен. Во Куманово анонимна порака за поставени експлозивни направи пристигнала до сите основни училишта во централното подрачје и во руралните средини. Учениците и вработените по алармот за тревога, додека траел петтиот час, веднаш безбедно биле евакуирани.
Ирина Гелевска со анализа на оваа тема. Разговараше со експертот по безбедност Љубомир Ѓурчески.
