Земјава изложена на хибридна војна по новите лажни дојави за бомби, велат експерите
Безбедносната ситуација е стабилна и нема простор за загриженост, експерти по новите лажни дојави за поставени бомби во училишта оценуваат – земјава изложена на хибридна војна.

Последните лажни дојави за поставени бомби во училишта во Куманово и Скопје се дел од хибридната војна, на која земјава е изложена во последната година и пол.
„Целта е да се заплашат граѓаните, да се наруши образовниот процес и да се направи економска штета“, објаснува експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчевски.
Според него, надлежните треба да откријат дали дојавите имаат криминална или политичка позадина, дали доаѓаат од ученици кои сакаат да губат часови или, пак, странски разузнавачки центри.
Исправно е што МВР секогаш реагира со евакуација при дојавите, оти ако има и 1 процент можност дојавата да не е лажна, ризикот не смее да се потценува.
Ирина Гелевска
