Бразил влегува во одбрана на титулата
Бразилците на патот во одбрана на титулата од пред четири години, првиот дуел ќе го имаат против Германија. Тоа е најпривлечниот од шесте натпревари од денешната мундијалска програма...

Третиот ден од 18-то светско првенство во одбојка во Полска ги отвора вратите за репрезентациите кои се во „Б“ и во „Ц“ групата. Тоа значи дека на големата одбојкарска сцена ќе истрчаат „Кариоките“и „Баќушките“!Бразил е актуелен светски првак, а Русија олимписки победник.
Бразилците на патот во одбрана на титулата од пред четири години, првиот дуел ќе го имаат против Германија. Тоа е најпривлечниот од шесте натпревари од денешната мундијалска програма. Бруно,Сидао,Муриљо,Лукарели,Валас... се играчите- окосница на тимот на Бразил. Тие ќе ја имаат обврската да го задржат шампионскиот сјај на Бразил, чиј блесок не стивнува на последните три светски првенства. Германија ќе е веројатно најтешката препрека за Бразил во групната фаза. Во германскиот состав е еден од најдобрите коректори на светот Ѓерѓ Грозер. Заедно со Беме,Калиберда,Фром...тоа е одбојкарско друштво кое може секому успешно да му се спротистави.
„Б“ група: Катовице
13.00 Бразил-Германија
16.30 Финска-Куба
20.15 Р.Кореја-Тунис
Денеска на светската одбојкарска јавност ќе и се претстави и актуелниот олимписки првак, Русија. Селекторот Андреј Воронков има силен тим. Сите селектирани одбојкари играат во руското првенство. Инспиратор на играта е плејмејкерот Сергеј Гранкин, а главен реализатор е „страшниот“ Дмитри Музерски висок 218 сантиметри.Русите го носат епитетот на олимписки победници од Лондон 2012 и актуелни европски шампиони од Копенхаген 2013. Целта им е во Полска да ги обединат трите највредни круни! Прв противник на Русите во салата во Гдањск е селекцијатана Канада. Канадскиот состав е со играчи, кои го носат дресот главно на клубови од Европа.
„Ц“ група: Гдањск
13.00 Русија-Канада
16.30 Мексико-Бугарија
20.15 Кина- Египет
