Локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на собир во Кичево

29.10.2025 18:37

Во Кичево собир на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Лидерот Мицкоски побара поддршка во вториот круг за кандидатот за градоначалник, Александар Јовановски. После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, рече Мицкоски...

Во Кичево, Александар Јовановски кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со директна порака до граѓаните, да не се двоумат и да го дадат гласот за него бидејќи е чесен човек кој ќе работи во интерес на своите сограѓани и ќе се жртвува за нив.

„Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, сите оние коишто не веруваат, сите оние кои сè уште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.

„Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2-ри ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар“ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Додаде, секој оној кој ќе биде исправен пред предизвикот, дали да го поддржи Александар или неговиот против кандидат, нека се присети на вредностите кои ги застапува Александар и вредностите кои ги застапува неговиот против кандидат. „Дали сакате да живеете во средина во којашто ќе владеат криминалот, блуд, разврат и уцени – праша Мицкоски. Единството и поддршката на граѓаните покажа дека може да се совлада и помногуброен противник, зошто кога сме сплотени и обединети како едно, сме посилни и можеме да совладаме многу побројни и поголеми противници.

А во скопски Карпош, Сотир Лукровски најавува инклузија на повозрасните карпошани во општинскиот живот заедно со помладите генерации. За пензионерите најавува и финансиска помош на крајот од секоја година.

Лукровски во договор со три приватни болници. Доколку стане градоначалник, одреден број карпошани да можат да направат и бесплатен преглед. Во ВМРО-ДПМНЕ велат, нашите градоначалници во минатите четири години покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните. Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно, испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми.

Миле А. Ристески