Скопје

Рустеми во притвор- „Комунална хигиена“ обезглавена

29.10.2025 18:57

По приведувањето и оставката на Рустеми, „Комунална хигиена“ обезглавена. Арсовска побара премиерот да го повика Управниот одбор да назначи вршител на должноста, експертите децидни – на потег е градоначалничката …

Скопски комуналец остана без директор, градоначалничката Арсовска бара Управниот одбор да назначи вршител на должност. Таа прстот за хаосот го впери кон премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, од чиишто редови била претседателката на Управниот одбор.

„Мицковски да го повика Управниот одбор на „Комунална хигиена“, согласно Законот за јавни претпријатија да донесе одлука за разрешување на директорот и да именува вршител на должност на претпријатието“, вели градоначалничката Арсовска.

Професорот во пензија, Борче Давитковски за МТВ вели дека градоначалничката е таа која треба по закон да назначи директор, а дотогаш, обврските на оној што е во оставка ги извршува заменикот.

Директорот на „Комунална хигиена“ Рустеми, поднесе неотповиклива оставка откако беше осомничен за загрозување на животната средина и природата со отпад, по што нему и на уште еден раководител од претпријатието им беше изречен 30-дневен притвор.

Анита Димитријевска – Велковска