Локални избори 2025

Димитриевски и Лабудовиќ од ЗНАМ, продолжија со презентација на програмата

29.10.2025 18:14

Кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, вели дека ако го изберат на функцијата ќе обезбеди поддршка за развој на еснафот и на занаетчиството. Кандидатот за Куманово Димитриевски, пак, вети уредување на просторот кај зградите на „Октомвриска револуција“, нови паркинг места, детска градинка, како и зелени површини.

Петвековниот живот на старата скопска чаршија и на еснафите мора да продолжи, вели Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар од ЗНАМ.

Сите зелени површини ќе бидат задржани, ќе се изгради и детска градинка наменета за жителите кои живеат на булеварот „Октомвриска револуција“, најави Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово од ЗНАМ.

Димитриевски најави нови градежни зони на кои инвеститори ќе можат да вложуваат. Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да му дадат доверба за да продолжи да го води Куманово и во наредните четири години.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски