Газда Нини: Не го познавам Груевски, никогаш не сум разговарал со него на телефон

01.09.2014 13:08

Нини пред судот изјави дека Јака Радовиш на берза купила акции, а плаќањето го извршила преку брокерска куќа која средствата потоа ги префрлила на продавачот...

Јовица Стефановиќ познат како газда Нини сведочење дека не го познава премиерот Груевски и никогаш не разговарал на телефон со него, ниту пак договарале преку посредници поткуп од продажбата на акции во Македонска Банка.

Нини пред судот изјави дека Јака Радовиш на берза купила акции, а плаќањето го извршила преку брокерска куќа која средствата потоа ги префрлила на продавачот.

Не прецизираше за колку акции станува збор, но рече дека во моментот имало десетина продавачи и дека тој ни ден денес не знае од кого Јака Радовош ги купила акциите.

Премиерот Груевски го тужи лидерот на опозицијата Заев за клевета дека зел поткуп од милион и пол евра од продажбата на Македонска банка.

 

Анита Димитријевска