Локални избори 2025

Уште два дена кампања, доминира заострената реторика

30.10.2025 08:05

Во кампањите наместо конкретни проекти, има повеќе меѓусебно напаѓање на политичките противкандидати. До молкот за локалните избори, останаа уште два дена. Почнува утре на полноќ...

Трката по глас повеќе продолжува. Кандидатите за градоначалници кои влегоа во вториот круг на терен со граѓаните, се убедуваат за поголема излезност. Во вториот круг доминира заострената реториката.

Во кампањите наместо конкретни проекти, има повеќе меѓусебно напаѓање на политичките противкандидати. До молкот за локалните избори, останаа уште два дена. Почнува утре на полноќ.

Вториот круг на локални избори ќе се одржи в недела. По вторпат за избор на градоначалник ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје.