Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

30.10.2025 08:06

Ќе дува слаб ветер од јужен правец.,,

Утрото постудено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 степен.

Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер.