Локални избори 2025

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња

30.10.2025 08:31

Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на локалните избори 2025.

Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во Градот Скопје право на глас имаат 474.394 гласачи кои треба да се изјаснат за кандидатот Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.

Локалните избори ќе ги следат 1.569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународни, а акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари.