Средба Трамп - Џинпинг во Јужна Кореја
Средбата заврши без објава на договор, но со позитивни сигнали-Трамп ја оцени како „неверојатна“, а Ши го поздрави „охрабрувачкиот напредок“ постигнат минатата недела од делегациите на Вашингтон и Пекинг...

Американскиот претседател Трамп и кинескиот лидер Ши одржаа клучни трговски разговори во Јужна Кореја. Средбата заврши без објава на договор, но со позитивни сигнали-Трамп ја оцени како „неверојатна“, а Ши го поздрави „охрабрувачкиот напредок“ постигнат минатата недела од делегациите на Вашингтон и Пекинг.
„Мислам дека веќе се согласивме за многу работи, а ќе се согласиме и за уште. Претседателот Ши е одличен лидер на голема земја и мислам дека ќе имаме фантастичен однос подолг временски период“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Подготвен сум да продолжам да работам со вас за да изградам солидна основа за односите меѓу Кина и САД и да создадам здрава атмосфера за развој на двете земји“, изјави Ши Џинпинг, претседател на Кина.
Тензиите меѓу двете најголеми економии во светот ескалираа овој месец, откако Трамп се закани со зголемени царини за кинеските производи како одговор на воведувањето нови глобални ограничувања за ретките минерали од страна на Пекинг – клучни за модерната технологија.
