Шир: Канада е силен поддржувач на евроатланските интеграции на Македонија

01.09.2014 13:14

Односите меѓу двете земји се одлични, а економската соработка треба да се унапреди, порачаа Шир и неговиот домаќин Вељаноски...

Канада останува силен поддржувач на македонските евроатлантски интеграции, порача претседателот на Претставничкиот дом на Канадскиот парламент Ендру Шир, при посетата на македонското Собрание.

Дипломатските односи меѓу Канада и Македонија, воспоставени во 1996 година, бележат експанзија. Двете држави ги споделуваат истите вредности за демократија, безбедност и унапредување на човековите права, рече во обраќањето во македонското Собрание, претседателот на Претставничкиот дом на Канадскиот парламент, Ендру Шир.

Односите меѓу двете земји се одлични, а економската соработка треба да се унапреди, порачаа Шир и неговиот домаќин Вељаноски.