Блиски Исток

И покрај обновеното примирје, Израел изврши нов напад во Газа

30.10.2025 12:28

Има загинати. Тврдат дека трагетирале складиште за оружје. Нетанјаху изјави дека заедничката цел со САД е да се постигне „различна Газа“ што нема да биде закана за Израел и не ја исклучи можноста за нови акции...

Израел изврши нов напад на северот од Газа и покрај обновеното примирје. Има загинати. Тврдат дека трагетирале складиште за оружје. Нетанјаху изјави дека заедничката цел со САД е да се постигне „различна Газа“ што нема да биде закана за Израел и не ја исклучи можноста за нови акции.

„Сакаме да ја постигнеме целта за која се согласивме Трамп и ние, со согласност на другите, а тоа е разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа. Работиме на ова во фази, заедно со другите компоненти од планот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Нападот внесува дополнителна неизвесност во кревкото примирје во Газа, нарушено од најжестокото израелско бомбардирање претходно неделава откако стапи во сила на 10 октомври.