Жестоки борби во Покровск
Падот на градот би ја доближил Русија до целосна окупација на регионот. Зеленски изјави дека Русија го сака градот за да изнуди мировен договор со територијални отстапки...

Во украинскиот град Покровск се водат жестоки улични борби откако руските сили влегоа во градот кој е стратешки важен поради својата позиција и клучен во последниот одбранбен лак на украинскиот дел од Доњецк. Падот на градот би ја доближил Русија до целосна окупација на регионот. Зеленски изјави дека Русија го сака градот за да изнуди мировен договор со територијални отстапки.
„Најтешката област сега е во правец на Покровск со најинтензивна борбена активност. Разбираме зошто им е потребен. Москва сака да го засили аргументот дека повлекувањето на Украина и територијалните отстапки се единствениот можен начин да се стави крај на војната“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Путин претходно изјави дека Москва ќе се согласи на прекин на борбите само ако Киев го предаде регионот Донецк.
