Ураган

Ураганот Мелиса остави пустош и жртви зад себе

30.10.2025 10:56

Загинаа десетици луѓе. Јамајка е најтешко погодена со 77 насто од земјата без струја и прогласена зона на катастрофа...

Ураганот Мелиса-една од најмоќните бури на Атлантикот во последните 150 години, остави пустош на Карибите. Загинаа десетици луѓе. Јамајка е најтешко погодена со 77 насто од земјата без струја и прогласена зона на катастрофа. Бурата ги погоди и Хаити, Куба и Бахамите, предизвикувајќи жртви, поплави и уништена инфраструктура.

Меѓународната помош веќе пристигнува од САД, Обединетото Кралство и Кина.