Во Минск состанок на контакт групата за кризата во Украина

01.09.2014 13:27

Во меѓувреме продолжуваат судирите на истокот од земјата. Украинската војска изутрината се судрила со рускиот тенковски батаљон во близина на аеродромот во Луганск, соопшти официјален Киев...

Контакт групата денеска во Минск треба да одржи седница на која ќе се разговара за кризата во Доњецк и Луганс. Според руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, на седницата покрај Русија, Украина, Белорусија  и ОБСЕ, ќе бидат присутни и претставници на т.н. Народна Република Доњецк.

Состанокот доаѓа еден ден откако про-руски сепаратисти во источна Украина тврдат дека погодиле украински поморски брод во Азовското Море. Претседателот   Порошенко денеска ја обвини Русија за директна и отворена агресија врз неговата земја. Рускиот претседател Путин смета дека треба да се разговара за „државноста на Југоисточна Украина со цел да се заштитат интересите на луѓето кои живеат таму“.

„Реакцијата на Русија е оправдана. Ние не можеме да стоиме настрана кога се нападнати нашите луѓе. Реакција е неизбежна“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Во меѓувреме продолжуваат судирите на истокот од земјата. Украинската војска изутрината се судрила со рускиот тенковски батаљон во близина на аеродромот во Луганск, соопшти официјален Киев.

Медиумите јавуваат дека минатата ноќ повеќето градови на Кримскиот полуостров останале без струја. Локалните власти го обвинија Киев за саботажа.

Украинскиот минстер  за одбрана Валерија Гелетај изјави дека Украина е во војна со Русија, додека рускиот министер за надворешни работи Лавров потврди дека нема да има воена интервенција од страна на Русија, но војската мора да претстане да врши тортура врз цивилите.

 

Марија Петковска