Франција

Уште петмина уапсени за грабежот во Лувр

30.10.2025 11:46

Француската полиција уапси уште пет лица во истрагата за кражбата на накит вреден 88 милиони евра од музејот Лувр во Париз...

Француската полиција уапси уште пет лица во истрагата за кражбата на накит вреден 88 милиони евра од музејот Лувр во Париз, со што бројот на приведени се зголеми на седум.

Осомничените се од парискиот регион. Двајца од претходно уапсените, на 34 и 39 години, дале делумни признанија, но украдениот накит сè уште не е пронајден.