Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон: Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, вчера се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
„Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите“, стои во објавата на Фејсбук.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, вчера се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот.
Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.
