Локални избори 2025

В недела нема гласање во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

30.10.2025 12:07

Согласно Изборниот законик, ќе се повтори целата изборна постапка во овие општини. Новото гласање треба да се одржи во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Во четири општини- Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да се гласа в недела, бидејќи на првиот круг од локалните избори не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност.

Според Државната изборна комисија, одзивот во Гостивар бил 33,31 проценти, во Врапчиште 25,18, во Маврово и Ростуше 30,31, а во Центар Жупа 21,49 проценти.

Поради тоа, согласно Изборниот законик, ќе се повтори целата изборна постапка во овие општини. Новото гласање треба да се одржи во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Во недела, пак, ќе се одржи вториот круг од изборите, на кои ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека во 44 општини градоначалници беа избрани уште во првиот круг.